Јелена Карлеуша на социјалните мрежи им се пофали на фановите дека дошло време за одмор. На Инстаграм пејачката објави фотографија од авионски билет на кој пишува дека патува од Истанбул за Анталија.
Подоцна Карлеуша сподели и фотографија од плажа, на која се гледа како ужива во овошје и десерти. Единствено што не сподели со своите следбеници е кој и прави друштво. Затоа останува да се почека и да се види, веројатно наскоро и тоа ќе го сподели.