На аеродромот во Софија денеска е пријавена дојава за бомба, јави НОВА ТВ, повикувајќи се на Управата за внатрешни работи на бугарскиот главен град.
Направена е проверка, не е пронајдена експлозивна направа.
Приведен е 27-годишен маж, со криминални досиеја.
Аеродромот работи во нормални услови.