Дојава за бомби во училиштата во Кочани – прекината наставата!

Порака со предупредување за поставена бомба во некое од средните и основните училишта, што била испратена по електронска пошта на официјалната адреса на Локалната самоуправа во Кочани, денеска привремено ја прекина наставата.

Од Општина Кочани информираа дека по добивањето на пораката веднаш биле известени надлежните полициски органи, кои направиле увид на терен.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. од село Пелинце, Општина Старо Нагоричане вработен во …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна. Станува збор за базата …

– Претпладнево на службената меил адреса на Општина беше добиена порака за поставена бомба во образовна институција, без да биде посочено за кое училиште станува збор. Полициски службеници презедоа соодветни истражни мерки, при што учениците безбедно ги напуштија училниците. По направениот увид беше констатирано дека се работи за лажна дојава, односно дека не постои никаква опасност за учениците и вработените во образовните институции, па наставниот процес беше продолжен, истакна Голубинка Георгиева, раководителка на Одделение за јавни дејности во Општина Кочани.

Наставата во втората смена во сите училишта во Кочани попладнево се одвива нормално.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.