37-годишната пејачка ја изненади јавноста кога преку тесната креација на црвениот тепих на Мет гала 2025, откри дека е третпат бремена.
Мет гала, најголемиот моден настан во светот, секоја година се одржува во првиот понеделник во мај, во музејот Метрополитен во Њујорк.
Ни годинава не беше исклучок, а ѕвездите кои продефилираа на црвениот тепих се водеа од темата „Скроено за тебе“ (Tailored For You) за своите креации.
Ова го испочитуваа (скоро) сите, па и Ријана, која се појави последна на црвениот тепих.
dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-05.jpg
Во фустан-палто и тесен корсет со потпис на Марк Џејкобс, со голем црн шешир, таа издоминира на црвениот тепих и на изненадување на сите – го покажа трудничкиот стомак.
dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-07.jpg
37-годишната пејачка преку тесната креација откри дека е бремена и дека го очекува третото дете со Ејсап Роки.
Иако е во поодмината бременост, таа досега го криеше тоа од јавноста.
На социјалните мрежи, пак, коментираат дека претпоставувале дека Ријана е бремена поради нејзиното лице, кое не е слабо и испиено, туку има свежина и големи образи.
Инаку, парот веќе ги има синовите РЗА (3) и Рајат (1).


