КЛАНИЦА ВО ДОЊЕЦК: Во напад со ХИМАРСИ загинаа дури 400 руски резервисти? (ВИДЕО)

Украинските сили го гранатираа градот Макеевка и другите делови на Доњецк кои се под руска контрола на новогодишната ноќ, соопштија руските власти.

Руската новинска агенција ТАСС ја цитираше изјавата на московските власти дека најмалку 15 лица се повредени во нападите на ХИМАРС.

КЛАНИЦА ВО ДОЊЕЦК: Во напад со ХИМАРСИ загинаа дури 400 руски резервисти? (ВИДЕО)

ТАСС јави дека едно лице загинало, а пет се повредени и дека биле погодени згради, вклучувајќи стадион, затворен пазар, уметнички музеј, техничко училиште и младински центар.

Даниил Безсонов, висок функционер поддржан од Русија во деловите на регионот Доњецк контролирани од Москва, рече дека техничкото училиште претрпе „масовен удар од американскиот ХИМАРС“.

-Имаше мртви и ранети, точниот број се уште не се знае. Самата зграда е тешко оштетена – напиша Безсонов на Телеграм.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило седум ракети ХИМАРС, вклучувајќи ги и оние на Макеевка.

Во подоцнежниот извештај, рускиот функционер од Доњецк, Алексеј Кулемзин, се цитира дека „зградата на центарот за детско и младинско креативност“ била оштетена во нападите на Макеевка, пренесува „Јутарњи лист“.

Сепак, украински извори објавија дека бројот на жртви е многу поголем. Украинската јавна телевизија Суспилна објави извештај во кој се тврди дека се убиени стотици руски војници, информација што Гардијан не можеше независно да ја потврди.

Во исто време, украинските медиуми, меѓу кои и порталите Укринформ и Правда, како и јавниот сервис Сусплина, наведуваат дека во Макеевка на Нова година загинале дури 400 луѓе, а уште 300 се ранети.

Се наведува дека е извршен напад врз група мобилизирани Руси стационирани во просториите на Стручно-техничкото училиште бр.19, објави на Телеграма Дирекцијата за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина. Доказите за нападот беа објавени на различни канали.

На социјалните мрежи се појавија видеа од нападот на Макејевка на Нова година, а на една од нив се гледа како девојка во свечен фустан го снима ударот на ракетите од балконот.

Да потсетиме, на 31 декември и на новогодишната ноќ силите на рускиот претседател Владимир Путин извршија масовни ракетни напади низ Украина, а во Киев беа убиени неколку луѓе. Руските сили синоќа извршија серија напади со беспилотни летала врз Киев и околината, чија цел беше критичната инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.