До договор меѓу Белград и Приштина што поскоро, изјави Палмер

Заменикот- помошник државен секретар на САД, Метју Палмер денес изјави дека за косовското прашање „не постојат бланко чекови ниту црвени линии”, но и дека договорот меѓу Белград и Приштина треба што е можно поскоро да се постигне.
-Она што ние би сакале да се постигне е целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а тоа е сложен предизвик, изјави Палмер за РТС. Запрашан за идејата за можната размена на територија, Палмер рече дека „тој нема да навлегува во детали”, бидејќи досега не е претсавен ниту еден предлог за договорот.
-Наша позиција е дека не постојат црвени линии и дека нема бланко чекови. Би сакале двете страни да постигнат најдобар можен договор. Ние ќе го разгледаме тоа што ќе ни го донесат, а со што се согласуваат двете заедници и сите што го сметаат за добро решение, и ќе размислиме добро и ако имаме некои забелешки за одредени детали, ние јасно ќе ги изнесеме, рече Палмер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.