До кога може да се плаќаат без камата заостанатите сметки за вода и смет?

Граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата во периодот од 13 мај до 28 јуни, информира Јавното претпријатие “Водовод и канализација“.
“ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет, тужен и редовен, дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање“, информираат од “Водовод“.
Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Пронајдете не на следниве мрежи: