Попладнево на Скопскиот аеродром ќе слета Столтенберг, а по него – Мичел, Курц и Меркел до крајот на неделава ќе ја посетат Македонија. Доаѓаат ли да му дадат ветер во грбот на Заев и гаранција за успешност на Референдумот? Тие покрај официјалните средби со државниот врв, велат доаѓаат и да го испитаат пулсот на народот.
Метју Нимиц, пак, вели дека верува во успешност на Референдумот, а ако тој сепак не успее постои голем ризик, не се знае кога Македонија повторно би добила можност за членство во ЕУ и NATO. Според него никој не може да прогнозира каде тогаш ќе бидат тие и што ја чека Македонија. Договорот е, вели, добар за двете договорни страни, поминаа 25 години во обиди за решавање на проблемот и може да поминат уште толку додека решението се најде.
Пронајдете не на следниве мрежи: