До крајот на неделава променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Крива Паланка четири литри на метар квадратен, еден во Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Куманово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и со умерен северен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степен.
Од УХМР посочуваат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.