До крајот на неделава топло, од понеделник ќе застуди и ќе врне

Стабилно и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат метеоролозите за следните денови. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.


Според УХМР, под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето.
На места ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.