Времето денес ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната температура од 28 до 36 степени. Поради високите температури утре по должина на Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.
И во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Температура 12 / 34 степени.
В среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сè уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.
В четврток ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и в петок.