До четврток пролет, од петок снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од – 4 до 0, а дневната од 9 до 17 степени Целзиусови.
И во Скопје слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до – 3, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: