Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (14 февруари) од 9 до 14 часот спровеле акциска контрола на пешаци и на нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 16 пешаци (Тетово-10 и Гостивар-6).
Најголемиот број од нив ги преминувале улиците надвор од обележани премини, а дел не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосници.
На пешаците-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 30 до 50 евра во денарска противвредност, а повикани се и на таканаречена сообраќајна поука, информира СВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и потсетување на пешаците максимално да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат на оние улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. На возачите ,пак, им се укажува секогаш да им даваат предност и да ги пропуштаат пешаците.
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи