ДПА го одобри предлогот на Тачи за учество во коалицијата на ДУИ


„Централното собрание на ДПА едногласно го одбри предлогот на претседателот дека ДПА треба да влезе во коалиција со Европскиот фронт на избори“, посочија од партијата на Тачи

Демократската партија на Албанците (ДПА) синоќа на Централното собрание на партијата го одбри предлогот на партискиот лидер Mендух Тачи за учество во коалицијата предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Мендух Тачи, претседател на Демократската партија на Албанците (ДПА)

„Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи дека ДПА треба да влезе во коалиција со Европскиот фронт на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај“,

информираа од ДПА.

Можноста за коалицирање со ДУИ еден ден претходно ја најави Тачи во телевизиско гостување.

„Ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години, а идејата полека созрева меѓу ДУИ и ДПА“,

изјави, меѓу другото, лидеорт на ДПА, Мендух Тачи, при гостување на телевизијата Клан Македонија.

Договорот за официјализирање на соработката меѓу ДПА и ДУИ, како што најави Тачи, ќе биде потпишана в понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има и планови за соработка со турските и босанските партии, како и со неколку здруженија.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: