ДПМНЕ не ги разбра пораките од О’Брајан, стратегијата е „Не умри магаре до зелена трева“: Иванка Василевска бара…

ВМРО-ДПМНЕ се уште не знае што ќе преземе и како ќе се постави по укажувањата на помошник државниот секретар на САД Џемјс О’Брајан дека тие се меѓу кочничарите на европската иднина.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и членка на Централниот комитет на партијата Иванка Василевска, во интервју за Слободен печат на прашањето што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди пред граѓаните, не даде конкратен одговор туку побара граѓаните да бидат трпеливи.

„Би препорачала да бидете уште малку трпеливи, да почекате да излеземе со изборната програма, да почекате да ја формираме идната влада и уште во првите 100 дена да покажеме кои ќе бидат патоказите“ рече Василевска.

Таа исто така додаде дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од нашите стратешки партнери да го променат наративот и односот кон кон нашата држава, без да потенцира на каква промена се мисли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.