Драгана Мирковиќ сака да се пензионира? Пејачката стави крај на шпекулациите

Пејачката Драгана Мирковиќ се појави на настан во главниот град Белград видно расположена.Пред месеци Драгана одржа многу концерти во рамките на својата турнеја, поради што се шпекулира дека ова е нејзино збогување со обожавателите, бидејќи планира да се пензионира.Сега искрено проговори за кариерата и во таа прилика изјави дека не планира наскоро да се пензионира. View this post on Instagram A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)– Мојата енергија никогаш нема да згасне. Јас сум љубител на луѓето, љубител на музиката и на мојата публика. Јас сум весела и позитивна личност, а тоа ми помага да имам толку многу енергија на оваа возраст. Тоа го може само љубовта – рече таа, а потоа додаде:– Не е точно дека ја завршувам кариерата, иако сите се на мислење дека врвот го достигнав со последните концерти. Дефинитивно сè уште нема да ставам точка на кариерата, а кога ќе одлучам на тоа, ќе го направам на многу емотивен начин – заклучи Драгана.

Пронајдете не на следниве мрежи: