Драги девојки ве гледам додека се разминуваме низ улиците низ градов, маркетите, автобусите, дискотеки и морам искрено да ви кажам: Сите сте исти. Сомнителни додатоци на косата, со еден куп шминка, без стил. Што правите од себе?
Не мораш да бидеш гола за да бидеш посакувана: Sексапилот е во однесувањето, а не гардеробата. Бидете свои и негувајте ја својата оригиналност.
Освоj ги луѓето со воспитувањето и знаењето, со умешноста да сослушаш некого и пристојно да дискутираш. Интелигенцијата е секси, не деколтето. Можеш да бидеш закопчана до грло и пак да бидеш најпривлечната личност во просторијата.
Она што е нежно и убаво многу брзо може да се претвори во лесно. Општеството тоа најдобро знае како да го претвори.
За сите оние, кои во време на изопачени вредности, останаа исти, а така станаа и различни…Ова е писмо посветено на сите градски девојки кои ќе се пронајдат во него, со надеж дека и нашите деца еден ден исто така ќе станат поинакви…
Тие не носат штикли, тие носат високи потпетици…
Тие не носат старки затоа што е модерно, туку затоа што ги носат уште кога биле деца.
Тие не носат кармин, туку руж, а црвениот руж можат да го носат во секоја прилика, затоа што усните им се во облик на М, а не на О.
Ако се тетовираат, тие го прават тоа затоа што е лично, а не затоа што им ја подигнува цената.
Ако заплачат, тие ќе заплачат на црно-бел филм, а не на стихови од Лепа Брена или реални шоу-а.
Кога ќе одлутаа со мислите, тие не ги грицкаат вештачките нокти, туку врвот од пенкалот.
Тие не се смеат со затворена уста, тие се смејат гласно, затоа што искрената и природна насмевка нема цена.
Тие не покажуваат среден прст, тие намигнуваат… а пораката останува иста.
Тие не играат, тие танцуваат и тогаш не мешаат, туку се препуштаат на ритамот.
Тие кога одат на одмор, носат костими за капење, а не вештачки трепки и повеќе сакаат да им на сонцето да им изгоре врвот на носот, отколку задникот под вештачка лампа.
Тие немаат црти од солариум, туку од чипкани прерамки.
Тие на плажа не носат пудра и вештачки бои за лице, туку боички за цртање по камењата и пишување разгледници.
Кога сакаат да бидат секси, наместо кратки маички и мини здолништа, тие облекуваат бела машка кошула.
Тие не паѓаат во несвест на шампањ и народњаци, туку само се газат од смеење.
Кога ќе чујат труба помислуваат на џез, а не на кафана.