ДРАМАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Утре протест пред Влада за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња

Утре, на 13 јануари, во 16 часот е закажан протест пред Владата со цел да се спречи убивањето и мачењето на кучиња.

Се чини дека една од главните теми која доминира низ општествениот простор е токму оваа. Насекаде статуси про и контра. И како што можеме да видиме секој има свое мислење…

ДРАМАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Утре протест пред Влада за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња

Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга. Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи!

Дојдете во Петок со транспаренти, со свирчиња,со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души, се вели во најавата за протестот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.