Драма во авион: “Не сакам да седам покрај овие свињи“ (ВИДЕО)

Една жена била исфрлена од летот на „Јунајтед еирлајнс“ после скандалот кој го направила во авион. Целиот инцидент го снимила патничката Норма Роџерс која седела покрај неа, додека жената ги изнесувала своите жалби на телефон.
Таа, маж и жена кои седеле покрај неа ги нарекла “две големи свињи“. Се пожалила како ја стиснале, а инцидентот е објавен во медиумите откако Роџерс ја објавила снимката на Фејсбук, каде е прегледана повеќе од 2 милиони пати.
-Кога стана јасно дека однесувањето на патничката веројатно ќе стане проблематично за време на летот, обезбеден ѝ е алтернативен аранжман за следното утро – соопштиле од авиокомпанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.