Драма во ветеринарна клиника: Жена скришно на вработените им достави порака, а тие викнаа полиција

Во ветеринарна амбуланта на Флорида во мај оваа година се случи вистинска драма, а сега се појавија и снимки.
Каролин Рајхле на 28 мај влегла во ветеринарна болница со момчето Џереми Флојд, каде го однеле кучето.


Жена тогаш направила нешто многу храбро, и пришла на секретарката и скришно и додала порака во која пишувало.
-Повикајте полицијата. Моето момче ми се заканува. Има пиштол. Немојте да ве примети!

Надзорните камери малку подоцна ја снимиле полицијата како доаѓа и го приведува мажот.
Полицијата потоа открила дека Флојд ја држел Каролин во заложништво два дена. Потоа ја претепал и на неа и се заканувал со пиштол, а во текот на расправата испалил и два куршуми во знак на предупредување.
Керолин лежела во кревет цел ден поради повредите, но потоа успеала да го убеди Флојд да го одведат кучето кај ветеринар. Додека се возеле кон амбулантата, Флојд уште еднаш и се заканил, кажувајќи дека ќе и го убие цело семејство.
После апсењето на насилникот, Каролин е примена во болница каде и се санирани повредите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.