Вистинска крими комедија се одвивале денеска во скопски Центар.
Полицијата бркала да фати осомничен, но тој успеал да “се засолни” пред потерата и да се качи на дрво покрај улицата. Полицајците го забележале, но бегалецот останал качен на дрвото. Била повикана пожарна и итна помош, со идеја да се надува душек и бегалецот да скокне на него.
Невообичаената спасувачка операција се одвивала во центарот на Скопје, во близина на зградата на Министерството за одбрана.
Но, немало доволно простор за душекот поради што се барало ново решение за спасувачката драма и завршување на полициската потера.
Околу 18:15 часот, лицето е симнато и преземено од полицијата по што од местото си заминале и полициските и возилото на Итна помош и Противпожарната бригада.