сабота, 28 ноември 2026
Најново

Бродска драма кај Корнати во средна Далмација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рано утрово траектот „Аурелија“ сопственост на кипарска компанија, кој плови на редовната линија Анкона-Сплит, доживеа голема незгода. На десет милји од Корнати, во хрватскиот дел од Јадранот му откажа еден од моторите. „Аурелија“ е моторен патнички брод долг 150 метри кој превезува 250 патници и има 92 члена на екипажот, пишуваат хрватските медиуми.
Со вториот мотор бродот успел да се одржува на површината на морето и да плута. Кон траекот веднаш биле упатени два реморкера. Акцијата за спасување на „Аурелија“ ја презеде Центарот за трагедии и спасување на море од Ријека. Разрешувањето на ситуацијата дополнително ја отежнал силниот ветар, па двата брода-теглачи што утринава тргнаа на помош морале да се вратат во пристаништето во Шибеник.
Траектот и понатаму плута на десет милји југозападно од Корнати, на него има и 50 автомобили, а, според последните информации меѓу 250-те патници нема повредени.

Поврзани вести