Драма кај Никифорово – тројца луѓе вечерва се заглавени во снегот, бараат помош

Тројца луѓе вечерва се заглавени во снегот во близина на мавровското село Никифорово, а сопругата на еден од нив бара итна помош за да бидат извлечени, објави „Телма“.

Таа во изјава за телевизијата вели дека луѓето повеќе од два часа се заглавени во месноста Црн Камен, веднаш на излезот од селото.

-Со пријателите тргнал да се враќа во Скопје откако со машина бил исчистен патот. Но, веднаш по излезот од селото се заглавиле во снегот. Стојат во снег, телефоните им се при крај и чекаат помош. На автомобилот има и ланци. Тргнале кога имаше известување дека патот е прооден, но веднаш заглавиле. Сега се во автомобил и студено е. Се обидуваат да ја буткаат колата, но не успеваат. На овој начин сакам да апелирам за да им се помогне. Веќе ги известив и ЦУК и Македонија Пат, но тие се уште се заглвени, ни рече во телефонски разговор, сопругата на еден од заглавените кај Никифорово.

Пронајдете не на следниве мрежи: