Драма над Црното Море: руски Сухој пресретнал американски Рипер, Москва со итно соопштение!

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска авионот Су-30 го придружувал американското беспилотно летало „Рипер“ кое, како што се наведува, се приближувало до границата на Русија преку Црното Море.

– За да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, подигнат е ловецот Су-30 – се наведува во соопштението објавено на Телеграм.

Драма над Црното Море: руски Сухој пресретнал американски Рипер, Москва со итно соопштение!

Се додава дека рускиот екипаж ја идентификувал воздушната цел како беспилотно летало МК-9А Рипер на американските воздухопловни сили.

Се наведува дека американскиот авион откако му се приближил Су-30, направил пресврт и се оддалечил од руската граница.

– Летот на рускиот ловец е извршен во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води со почитување на безбедносните мерки – истакна руското Министерство за одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.