Драма на аеродромот во Тирана, Индиец спречен да ја отвори вратата од авионот!

Индиец направил вистинска драма во авион кој полетувал од Тирана до Истанбул во вторникот, на 10 септември околу 20 часот, бидејќи пред полетувањето се обидел да отвори една од вратите на авионот повлекувајќи ја заштитната рачка.

Неговото име не е познато, но авионот бил запрен на пистата неколку моменти по инцидентот, без да полета. Поради брзата реакцијата на стјуардите, избегната е голема трагедија. Летот од Тирана кон Истанбул поради инцидентот е одложен за подоцна. Индиецот транзитирајќи преку Истанбул требало да патува за Индија но е уапсен на аеродромот Ринас во Тирана.

Доколку таквата акција беше спроведена во лет, последиците можеа да бидат многу потешки.

Албанските медиуми потсетуваат на сличен случај од 2006 година, кога Турчин кој се патувал од Албанија во Турција, се обидел да го киднапира авионот со кој патувал.

Пронајдете не на следниве мрежи: