Регионалниот ЦУК Велес, известува дека вчера ефикасно и брзо беше пронајдено залутаното лице кај Мрежичко на Кожуф, Кавадаречково, Конкретно, во 13:15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, беше добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко.
Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и првата покривка од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“, Итната медицинска помош, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.
Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен, Потоа од страна на граничната полиција “ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот.
Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК).
Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите.