Драма на лет! Патници исфрлени од авион поради бизарна причина: „Ова е смешно“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи снимка од авионот на Рајанер кој минатиот петок полета од Манчестер за Аликанте.Сепак, летот е пренасочен кон Барселона, поради двајца патници кои наводно не ги почитувале прописите.Авионот полетал од Манчестер во 18.08 часот по локално време, а во Аликанте пристигнал во 23.28 часот, по 75-минутно застој во Барселона.На видеото се гледа како полицаец се појавува во кабината, како и стјуардеса која им приоѓа на двајцата млади момчиња. По неколку моменти стануваат и го напуштаат авионот.Во позадина го слушаме коментарот на жената: „Малку се напиле, но ништо не направиле“.Друг патник се потсмева: „Ова е смешно. Летот е пренасочен кон Барселона бидејќи некој испил шише алкохол. Колку полициски автомобили има надвор?“Според правилата на споменатата компанија, патниците можат да купат алкохол во фри шоп пред летот, но задолжително да го чуваат во соодветната торба.На патниците не им е дозволено да консумираат таков алкохол во авионот, а тоа наводно го правеле и младите.Компанијата може да одбие да превезе патник ако „неговата ментална или физичка состојба, став, однесување и изглед претставуваат ризик за другите и имотот, вклучително и под дејство на алкохол или дрога“.

Пронајдете не на следниве мрежи: