ДРАМА НА ПАРКИНГОТ ВО СИТИ МОЛ: За само 30-тина минути му го обиле автомобилот и му ја одзеле чантата со 11 илјади евра

На 24.09.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, К.К.(30) од Скопје пријавил дека во периодот од 10.20 до 11.00 часот во подрумските гаражи во Трговскиот центар „Сити Мол“ непознат сторител извршил тешка кражба во неговото возило „фолксваген пасат“. Според пријавеното, сторителот со употреба на сила му одзел чанта со 11.000 евра и други валути. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.