Драма на свадба: Свекрвата дознала дека невестата е нејзина ќерка

Една Кинеска, на денот на венчавката на својот син, открила дека тој, всушност, се жени за својата сестра.
Како што пишува „Ориентал дејли“, несудената свекрва забележала бенка на раката на „снаата“. Така, жената всушност ја препознала својата ќерка што ја напуштила пред повеќе од 20 години.
Ги прашала родителите на девојката, дали таа е посвоена како бебе, а тие, иако изненадени од прашањето, одговориле потврдно… Ја нашле покрај пат, но дотогаш не ѝ рекле на својата ќерка дека е посвоена.
Меѓутоа, се покажало дека и младоженецот бил посвоен. Со ваквиот расплет, ништо не ги спречило младоженците да стапат во брак. Венчавката се одржала, а гостите имале повеќе причини за честитки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.