Драмски театар ја изведува „Хеда Габлер“ на фестивалот РУТА во Тиват

„Хеда Габлер“ на Драмски театар гостува во Тиват, Црна Гора. Настанот ќе се одржи вечерва во 20 часот во Центарот за култура Тиват, како дел од црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Претставата е заснована на текстот на Хенрик Ибзен, со режисерско водство од Васил Христов. Адаптацијата ја извршија Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов, а сценографијата е исто така дело на Христов. Костимите се креирани од Розе Трајчевска – Ристоска.
Премиерата се случи на 20 април 2024 година. Настапот во Тиват е дванаесеттата изведба на оваа престава и вторпат надвор од матичната сцена. Претходно, Драмски театар ја играше „Хеда Габлер“ на фестивали во Сараево во мај 2024 година и „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во јуни 2024 година. Во улогата на Хеда Габлер Тесман ќе гледаме Сања Арсовска, Зоран Љутков ќе го игра Судијата Брак, Владимир Петровиќ се појавува како Јерген Тесман, а Дениз Абдула како Ејлерт Левборг. Теа Тесман ја игра актерката Сара Климоска. Следната изведба на претставата е планирана за 24 април во редовниот репертоар на Драмски театар.
The post Драмски театар ја изведува „Хеда Габлер“ на фестивалот РУТА во Тиват appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: