Драстичен пад на популарноста на францускиот претседател Оланд

Популарноста на францускиот претседател Франоса Оланд падна на најниското ниво од неговиот избор во мај минатата година и првпат е пониска од поддршката што ја има челничката на крајната десница Мареин Лепен, покажаа резултатите од анкетата објавен во неделата.Само 31 отсто од Французите, осум проценти помалку отколку во февруари, се задоволни од работата на претседателот Франсоа Оланд кој се соочува со најголемата тапка на невработеност во последните 13 години во земјата и економија во стагнација, според испитувањето на јавното мнение спроведено за весникот Metro и телевизијата LCI.Оланд своето претседателствување го започна со поддршка од 59 отсто од Французите, но оттогаш се измачува да ги исполни дадените ветувања за сопирање на растот на невработеноста, а неговата влада најави кастрење на јавните трошоци изразени во износи од милијарди евра.Истакнатите опозициски политичари, меѓу кои се конзервативните премиери Франсоа Фијон и Ален Жипе, во моментов имаат поголема популарноста од претседателот Оланд и премиерот Жан-Марк Еирол. Лидерката на француската крајна десница, Марин Лепен според популарноста е за еден процентен поен пред Оланд, првпат откако овој ја презема власта.Француските медиуми нагласуваат дека речиси две третини од испитаниците во посочената анкета посакуваат реконструкција на владата.Анкетата е спроведена од 9-ти до 14-ти март, врз репрезентативен примерот од 1.0-1. лица.
МакфаксПопуларноста на францускиот претседател Франоса Оланд падна на најниското ниво од неговиот избор во мај минатата

Пронајдете не на следниве мрежи: