Драстична промена на времето: Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Драстична промена на времето: Утре услови за локален дожд, од вторник нов влажен бран со снег

Услови за локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјата се очекува од утре попладне.
Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Пооблачно ќе биде во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места вдолж Повардарието и на истокот краткотрајно ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Попладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Мистеријата на починатата велешанка

Како во СССР се запирале епидемиите од смртоносни болести?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.