Древен селски напиток – заборавен, а лекува сè!

Низ историјата нашите баби ја користеле сурутката како лек и дефинитивно не грешеле.
Сурутката е нус-производ кој се добива при производство на сирење. Индустриското производство на сурутка е започнато дури во 40-тите години на 20.век. Низ историјата бабите на нашите баби ја користеле сурутката како лек и дефинитивно не грешеле!
Она за кое можеби не сте слушнале, а што кај народот е познато со векови, е дека сурутката е најдобриот природен лек за црн дроб.
Сурутката се користи за сите проблеми со црниот дроб вклучително замастен црн дроб, оштетен црн дроб од вирусни заболувања (хепатитис, жолтица), отечен црн дроб, а посебно за црн дроб кој е оптеретен од претерана консумација на алкохол, масна и нездрава исхрана.
Сурутката ја поттикнува регенерацијата на црниот дроб. Терапијата со сурутка се спроведува во подолг временски период, така што секојдневно се консумира по најмалку половина литар, а по можност и повеќе од тоа.
Сурутката придонесува за обнова, чистење и закрепнување на заболениот црн дроб ако упорно и редовно се користи.
Секако, многу е важно да престанете со штетното делување и исхрана која продолжува да го уништува црниот дроб, како што се алкохол, многу масна храна и преработена храна, како и други штетни материи.
Покрај сурутка, за проблем со црниот дроб добро е да се користи и младо сирење, а најдобро за појадок на празен желудник. Оваа комбинација има најдобар ефект.
Сурутката може да помогне и при слабеење, бидејќи содржи мноштво протеини кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост со мала количина на калории.
Во сурутката остануваат најдобрите и најхранливите состојки од млекото и тоа витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери, кои се заслужни за изградба на фини и нежни врски во мозокот.
Содржи и важни минерали: натриум, калиум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, аминокиселини и белковини, немајќи при тоа многу калории.
Она што на сите нас ни е заедничко во последно време е тоа што се наоѓаме под постојан стрес.
Сурутката е идеален напиток за овој проблем. Причината е тоа што во нашето тело предизвикува лачење на серотонин (хормон на задоволство) од кој се чувствуваме добро а од телото се исфрла стресот.
Сурутката се препорачува и за хроничен умор, посебно пролетниот како и за грчеви и болки во мускулите од физички напор. Сурутката спречува остеопороза, симнува наслаги од забите и превентивно делува против кариес.
Покрај овие бенефити, сурутката веќе со децении се препорачува како ефикасен лек за луѓе кои имаат проблеми со зголемени масти во крвта кои никако не можат да се контролираат со лекови и исхрана.
Речиси кај сите луѓе целосно се регулира зголемениот холестерол и триглицериди само после неколку седмици редовно консумирање.
Она што е особено интересно за младите и физички активни луѓе е фактот дека сурутката се користи како природен извор на аминокиселини, кои се метаболираат во мускулното ткиво при вежбање, и учествуваат во изградба на обликот и конституција на мускулите.
Луѓето кои интензивно вежбаат како што се бодибилдерите, подобро и побрзо воспоставуваат мускулна маса, но и го закрепнуваат своето тело после напор.
Од тие причини на пазарот се’ повеќе се појавуваат протеини во прав на база сурутка наменети за овие спортисти.


Овде ни одблизу не завршува листата на благодетите од сурутката. Доколку имате проблем со подуеност, нередовна столица, дигестија, колитис или хронично воспаление на цревата, потребно е редовно да се пие сурутка.
Истражувањата покажаа дека сурутката содржи имуноглобулини и лактоферин, кои играат значајна улога во спречувањето на воспаленија во целиот организам.
Внатрешните воспаленија се една од главните причини за кардиоваскуларни и канцерогени заболувања.
Сурутката го подига имунитетот на организмот и ја јакне општата отпорност и затоа се наоѓа во формулите на повеќето нови спортски и имунолошки додатоци во исхраната, како и во основната формула за исхрана на бебињата.
Новите западни истражувања покажуваат дека сурутката има значајна улога во заштитата, здравјето и регенерацијата на цревата, а особено на дебелото црево.
Сурутката е целосно безопасен, благ и природен напиток. Бидејќи содржи живи бактерии, во некои случаи може да предизвика дијареа доколку навистина се претера во количината.
Единствено лицата кои се алергични на млечни производи треба да ја одбегнуваат.
Препорачана дневна доза е 500 мл до максимално еден литар дневно, доколку се работи за течна сурутка.
Можете да ја пиете на празен желудник наутро, но нема да погрешите ако ја пиете и во повеќе наврати во текот на денот.
Домашна сурутка можете да најдете во повеќето продавници за млечни производи, а можете да си ја направите и сами:
1 литар свежо млеко загрејте го во сад, но не дозволувајте да проврие. Во тоа додадете сок од еден исцеден лимон и мешајте.
Набрзо ќе забележите дека се формира згрутчување – урда и течност. Таа течност е сурутка. Процедете низ газа или ситна цедалка, па ќе добиете сирење/урда и сурутка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.