Државава има најскапи патарини во регионот и пошироко, по километар пат

Цената на патарините за патничките возила, на автопатиштата во земјите од регионот е различна, но како најскапи патарини пресметано за изминати 10 километри по автопат има Македонија.
Во Македонија, цената е значително различна ако се плати во денари или евра – десет километри автопат во евра чинат околу 0,75 евра, додека во денари е 30 денари, или 0,49 евра.
Во Босна и Херцеговина возачите ќе треба да платат околу 0.54 евра за 10 километри поминати по автопат.
Во Хрватска возачите трошат 0,64 евра за десет километри извозени на автопатите.
Патарините во Србија се најевтини – возачите треба да платат 0,33 евра на секои 10 километри поминати по автопат.
Косово е сѐ уште без патарини. Во Косово употребата на автопатот сè уште не се наплаќа, додека Црна Гора сè уште ги чека првите километри од автопатот.
Словенија користи систем за плаќање вињети – налепници кои се купуваат на патарините за одреден временски период. Вињетата за возила чини 15 евра за седум дена, 30 евра за еден месец, додека годишната цена е 110 евра.
Во Грција системот на наплата е како во Македонија и чини околу 0.2 евра за 10 километри поминати по автопат.
Системот со вињети сè уште се користи во Бугарија, Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Швајцарија.
Во Бугарија и возачите на патнички возила плаќаат годишна вињета од 50 евра, додека месечната вињета чини 15 евра и околу 8 евра чини неделната.
Словачка возачите на патнички возила плаќаат годишна вињета од 50 евра.
Годишната вињета во Австрија чини 89,20 евра, во Швајцарија е 40 франци, или околу 37 евра.
Годишната патарина за патнички возила во Чешка е 59 евра, а во Романија 96 евра.
Извор: akcent.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.