ДРЖАВАТА СЕ ЕКИПИРА | Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази стануваат обвинители, сопругата на Муцунски- судијка?

Објавена е листата на Академијата за судии и јавни обвинители. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.

Продолжува праксата значајни места во државната управа да се пополнуваат на непотисќки начин. Дали е во прашање системската семејна предност во вакви случаи останува отворено прашање…
ДРЖАВАТА СЕ ЕКИПИРА | Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази стануваат обвинители, сопругата на Муцунски- судијка?

Тоа може само во Македонија… Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека положил правосуден испит пред да дипломира е 42-ри на ранг листата и е во групата на идните јавни обвинители. Потоа на листата е и сопругата на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази, исто така идна обвинителка.

Сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски исто така се пласирала на рангирањето и е на пат да стане судијка…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.