ДРЖАВОТВОРНИ РЕШЕНИЈА НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

ДРЖАВОТВОРНИ РЕШЕНИЈА НА ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ
Сојузот на борци во 2014 година по повод 70 години од одржување на АСНОМ запиша: ,,На Првото заседание на АСНОМ се донесени историски државотворни решенија од големо значење и со трајна вредност за Република Македонија – ДОКУМЕНТИ ШТО ТРАЈНО ОБВРЗУВААТ”
Со Нацрт Амандманот XXXIV од сите донесени решенија на Првото заседание на АСНОМ останува само Прогласот. 
Останатите решенија не се во интерес на предлагачот на Амандмaните и не се по воља на нашиот јужен сосед.
Еве прочитајте кои се тие решенија:
1. Решение на Првото заседание на АСНОМ за прогласување на АСНОМ како врховно, законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија.
2. Решение на Првото заседание на АСНОМ за воведување македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
3. Решение на Првото заседание на АСНОМ за оддавање признание и благодарност на Народноослободителната војска на Македонија
4. Решение на Првото заседание на АСНОМ за прогласување на Илинден 2 август за народен државен празник на македонската држава
5. Манифестот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, народностите во Македонија и до македонската емиграција
6. Проглас на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното Заседание и донесените одлуки на АСНОМ
Ова вечерва го напиша и објави на својот профил господинот Јове Кекеновски. Следи подолу изворно и статусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.