Судијата на Основниот суд Прилеп на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. од Битола (24). Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против лицето Е.Т. од Битола поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – убиство. Делото е казниво по Кривичниот законик на Република Македонија и тоа по член 123, став 2, точка 4.