ДСЗИ во Куманово: Поради прекршоците по спроведените два инспекциски надзора градоначалникот да се казни со 300-600 евра

ДСЗИ во Куманово: Поради прекршоците по спроведените два инспекциски надзора градоначалникот да се казни со 300-600 евра

Државниот здравствен и санитарен инспекторат утврди прекршувања во Куманово поврзани со ситуацијата со Ковид 19. Поради ова ќе треба да плати казна. Истото се однесува и на директорот на Регионалниот Центар за управување со кризи Горан Стојановски.

Филипче: Од утре да се казнува за неносење маска!

Повеќе од очигледно е дека надлежните направија многу пропусти во постапките, се случи најгрубо прекршување на многу законски одредби особено во делот на објавување на лични податоци. Воедно тоа што беше објавено не е точно. За се поседуваме уредна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот внатре, кој го немаат поставено така како што треба. Тестирањето на штабот беше направено и првиот и вториот пат во просториите на во кои тој континуирано заседава. Повеќе од јасно е дека станува збор за класично монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејствија. Ќе ги почитувам одлуките на органите, но на ова гледам како на најгрубо кршење на законите но и на елементарните човекови права – возврати градоначалникот на Куманово во изјава за медиумите.

Здравствениот инспекторат исто така утврдил и серија на пропусти кај локалните здравствени центри, не се спроведувала епидемиолошка анкета врз тестираните лица, тестирањата во ЦЈЗ биле  заведени како скрининг. Ова како што нагласи Бухова е надлежност на министерот. А таква дозвола наводно не била дадена. Брисевите биле земени во просториите на Општина Куманово со што според Бухова, постапката е исто така спротивно на протоколите.

По втор пат уапсено е „момчето со кучето“ за време на полициски час, но овој пат без својот миленик

Бухова извести за два надзори: првиот од 17 април, а вториот од пред два дена. Градоначалникот Димитриевски пак, утврдено е дека го прекршил решението за домашно лекување и го напуштил местото на престој и си заминал во Скопје да се тестира.

Денеска Бухова извести дека Максим Димитриевски сеуште не се смета како излекуван од КОРОНА ВИРУСОТ, според здравствените протоколи. И тоа допрва треба да се случи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.