Дуа Липа ги повика Албанците да гласаат за Бајден
Во видео објавено на страницата на Албанците од САД се појави Дуа Липа и повика да се гласа за демократскиот кандидат на изборите во ноември.
„Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата вера и вербата на Камала Харис во демократијата и меѓународните институции е она што денес им е потребно на Соединетите држави и целиот свет“, рече Липа во видеото.