Дуа Липа го напушти Лос Анџелес и рече: Ова се страшни денови, но јас сум безбедна

Британската пејачка Дуа Липа беше меѓу илјадниците луѓе кои мораа да го напуштат Лос Анџелес поради разорните пожари.Таа на својот Инстаграм сподели стори со фотографија од густ чад и изјави дека е безбедна и дека го напуштила Лос Анџелес.„Ова беа апсолутно поразителни и застрашувачки неколку дена во ЛА. Моите мисли се со сите пријатели и граѓани кои мораа да ги напуштат своите домови“, напиша таа.Пејачката реши да сподели неколку линкови за сите луѓе кои сакаат да помогнат и да донираат средства во центрите кои примаат бездомници.“Испраќање љубов на сите кои минуваат низ неверојатно тежок период. Грижете се еден за друг”, изјави Дуа Липа.Во нејзината следна приказна, таа сподели список со неколку центри за луѓе и животни.Потсетуваме дека во 2002 година Дуа Липа купила луксузна вила на Беверли Хилс која не била оштетена од пожар, а покрај неа домовите успеале да ги спасат и Кејт Хадсон, Том Хенкс и Ребел Вилсон. Покрај тоа, на многу познати личности во ЛА им беа изгорени домовите до темел.

Пронајдете не на следниве мрежи: