Уште еден скандал во музичките кругови
Обвинение дека го копирала нејзиниот голем хит
На музичката сцена беснееше уште еден скандал со обвинение за плагијат. Сојузниот судија на Менхетен донесе одлука британската поп-пејачка Дуа Липа да и се суди поради обвинението дека го копирала својот мегахит „Levitating“ од 2021 година од диско песна од 1979 година.
Судијката Кетрин Полк Фаила објави дека текстописците на „Wiggle and Giggle All Night“ Расел Браун и Сенди Линзер ќе се обидат да докажат „значајна сличност“ меѓу нивната песна и песната „Levitating“ на Дуа Липа.
Во тужбата, поднесена во март 2022 година, се наведува дека „Levitating“ споделува „композициски елементи“ со „Wiggle“ и главно ја дуплира мелодијата на отворањето.
Адвокатите на одбраната велат дека е неверојатно да се верува дека Липа (27) слушнала „Wiggle“ пред да ја напише „Levitating“. Судијата Фаила рече дека тужителите презентирале „доволни факти“ за да тврдат дека песните се „неверојатно слични“. Во последниве години, ваквите обвинувања станаа профитабилен бизнис и се закануваат да ги уништат кариерите не на една туку на две музички ѕвезди. Неодамна британската ѕвезда Ед Ширан се најде во центарот на таков скандал.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.