Дуа Липа не се откажува! Таа се обиде да се „исчисти“ со изјава, и повторно вели дека Косово не е Србија

Таа наведува дека нејзината објава е „погрешно протолкувана“, но сепак сака „нејзината земја да биде претставена на картата“.

Бурата предизвикана од скандалозните објави на Дуа Липа (24) во кои таа посочува дека Косово не е дел од Србија, сè уште не се смирува. 

Во првото соопштение, пејачката се пожали дека „Apple“ во својата апликација „Apple Maps“ покажува дека Косово и Метохија се составен дел на Србија, а потоа следуваше уште поголем скандал, кога објави мапа на „Голема Албанија“, во која спаѓа нејзината територија Албанија, Косово и делови од другите балкански земји населени со Албанци.

Пејачката повторно испрати нова објава и остави порака во која сè укажува на тоа дека сака да се оправда, но сепак не се откажува од своето бесмислено тврдење – дека „Косово не е Србија“.

Ви ја пренесуваме нејзината објава во целост:

– Со мојот претходен пост, не сакав да иницирам какво било омраза. Ме прави тажна и лута што мојата објава беше погрешно протолкувана од некои групи поединци кои промовираат етнички сепаратизам, нешто што целосно го отфрлам.

 – Секогаш кога објавувам нешто за Косово, луѓето реагираат бурно исто како и на моите објави поврзани со забава, како храна или музика, наидувам на жесток отпор кон идејата за автентична косовска култура. 

– Сите ние заслужуваме да бидеме горди од каде потекнуваме. Едноставно сакам мојата земја да биде претставена на картата и да може да зборува гордо и среќно за моите албански корени и за мојата родна земја. Ги охрабрувам сите да го прифатат своето наследство и да слушаат и учат едни од други. Мир, љубов и почит кон сите – напиша Липа во нејзината објава. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.