Дувало со 408 километри на час! Брзина на ветар која вади дрвја од корен и носи куќи

Според Архивата за временски и климатски екстреми на Светската метеоролошка организација, најсилниот природен налет на ветер е забележан на островот Бароу, кој е на околу 50 километри од брегот на Западна Австралија.
На 10 април 1996 година, овој изолиран остров од 202 квадратни километри во Индискиот Океан бил погоден од тропскиот циклон Оливија.
Анемометарот на метеоролошката станица забележал неверојатен удар на ветер од 408 километри на час! Тоа е брзината на ветрот што корне дрвја, носи куќи и луѓе.
Бидејќи островот Бароу е богат со нафта и природен гас и е управуван од нафтена корпорација, тој е недостапен за пошироката јавност. Не е изненадувачки што и требало повеќе од една деценија пред Светската метеоролошка организација да ги добие овие податоци, да ги испита и да го потврди рекордот.
Иако постојат различни уреди за проценка и пресметување на ветерот, Светската метеоролошка организација ги препознава само податоците за брзината на ветерот добиени од сигурни уреди за мерење на брзината на воздухот, како што се анемометрите.
Најбрзиот налет на ветер по бурата на островот Бароу е забележан на планината Вашингтон во САД на 12 април 1934 година и изнесувал 372 километри на час.

Пронајдете не на следниве мрежи: