ВМРО секојдневно и со секоја изјава и соопштение потврдува дека е против развојот, градење автопатишта, против НАТО и ЕУ, против Американски компании и против Албанците, велат денеска од ДУИ како реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Од партијата на власт потенцираат дека денеска се два дена по истекот на “рокот” на ВМРО за “исплаќање” на наводните “пенали” од 53 милиони евра кон Бехтел и Енка.
-Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата. ВМРО е против се и секого. ВМРО шири хистерија во јавноста и го плаши народот без никаква основа со замислени и измислени заговори и сценарија. Ниту се платија 53 милиони евра, ниту се оствари било што од тоа што трвдеше и ветуваше ВМРО.
Граѓаните се сеќаваат дека ВМРО ќе победеше на парламентарните избори во 2020 година со 10 пратеници разлика, или пак дека во три наврати за време на овој мандат имаше 61 пратеник да ја сруши владата, а да не потсеќаме дека мигрантите ја “поплавија” Македонија, и слични дневни лаги на ВМРО како денешнава која што ја повторуваат веќе месец дена и никако да се оствари. Автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо.
Блокадата на коалицијата ВМРО и Левица може само да и одмогне на државата во исполнување на својот дел од обврските, стои во партиското соопштение од ДУИ.
Пронајдете не на следниве мрежи: