ДУИ добива 4 клучни директори

Директорски места во МЕПСО, агенцијата за државни патишта, АЕК, МАНАВ, МАЛМЕД, Агенцијата за лекови, се само дел од постизборниот колач на власта што го добила ДУИ.
Иако синоќа лидерот на партијата Али Ахмети не откри со кои јавни претпријатија и Агенции ќе раководат негови кадри, сепак за време на пресконференцијата на видео бим во некочку наврати беа испишани директорските позиции што ги добила ДУИ.
Сител од извори во ДУИ доби потврда дека ова е дел од договорот со СДСМ, но нема потврда за имињата на новите директори.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.