ДУИ за Законот за јазици: Ако еднаш оваа линија се премине, нема враќање назад

ДУИ утрово предупредува дека Албанците не можеле да молчат во пресрет на најавената седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува за уставноста на Законот за јазиците.

Од партијата велат дека тоа е ден кој можел да промени се бидејќи би се загрозил рамковниот договор.

„Уставните судии од албанска етничка припадност јавно изјавија дека ќе ја бојкотираат оваа седница и одлучување, што го прави уште поопасно еднострано решение за укинување на одредбите од Законот за јазиците. Овој бојкот е јасен показател дека ваквите напори за укинување на 10 члена од овој закон имаат длабоко дискриминаторска природа и целат на „поништување“ на албанскиот јазик на институционално ниво. Демократската унија за интеграција го смета овој момент за клучна точка, каде секој чекор што има за цел да ја наруши оваа деликатна рамнотежа претставува премин преку Рубикон. Ако еднаш оваа линија се премине, нема враќање назад! Доколку Уставниот суд одлучи да ги уништи постигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат непоправливи, а ние не можеме да преземеме одговорност за тоа што може да се случи потоа.“ – се вели во соопштението на ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: