ДУИ му ја покажа вратата на бегалецот Артан: Нема да коментираме за Груби, тој веќе не е дел од – ДУИ!

-Чист сум како солза, рече Артан Груби и се даде во бегство. Првичните информации беа дека е во Косово, како и што рече и самиот Груби, но неговиот некогашен сопартиец Изет Меџити синоќа изјавил дека Груби веќе не е на Косово, туку е во Албанија. Според Меџити, Груби со самото бегство ја докажува вината.

-Со самото бегство ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата. Должност на органите на прогонот е да го следат случајот и да обезбедат спроведување на правдата, Европскиот фронт ја пополнува американската црна листа, изјавил Меџити.

ОД Дуи не ги коментираат наводите на Меџити. Од партијата на Ахмети велат дека Дуи нема да коментира за тоа зашто Артан Груби веќе не е дел од Дуи.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ се виновни што Груби неказнето крадел, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира. СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе.

-СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе. СДС треба да излезат и да им се извинат на граѓаните, за тоа што молчеа додека Артан Груби правеше милионски криминал, а потоа не само што одмолчеа, туку и му се приклучија нивните функционери како Ковачевски. СДС е до гуша во криминал, Вели Петрушевски.

Возвратија од СДСМ и прашуваат колку вреди договорот на ДУИ со ДПМНЕ којашто допрва треба да испорачува фактури? Според СДСМ, границата кон Косово ДПМНЕ ја сведе на решето за слободно поминување на криминалци и терористи.

-Вакви или слични дилови со ДУИ, ДПМНЕ прави цело време. Хашките случаи, т.е. толкувањето на законот којшто заедно го усвоија ДПМНЕ и ДУИ дозволи амнестирање на дела кои се подведуваат под квалитатив Злосторства против човештвото.Ништо не го пере ДПМНЕ за тоа што му озоможија на Груби слободно да ја напушти земјата преку граничниот премин Блаце, пишува во реакцијата на СДСМ.

Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, се осомничени дека како соизвршители и одговорни лица во АД „Државна лотарија“, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над 8 милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.

Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор, кој ќе почне да се спроведува по нивното обезбедување во земјата бидејќи во моментов не се достапни за органите на прогонот.

За Груби и Бајрами се објавени меѓународни потерници.

Инаку, МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и против полицискиот службеник кој му дозволи на Груби да ја премине границата „Долно Блаце“ иако за него имало активна мерка задржи и веднаш извести.

Пронајдете не на следниве мрежи: