Извори од Демократската Унија за Интеграција за телевизијата Клан Македонија потврдија дека ниту пратениците на партијата на Али Ахмети нема да ги поддржат предлозите за министри во Техничката влада кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ по предупредувањата на Христијан Мицковски дека неговата партија нема да гласа првиот албански премиер Талат Џафери и целиот состав на техничката влада, на крајот на јануари.
- Удар од неочекуван правец: Три арапски земји ѝ го свртуваат грбот на Турција и се залагаат за Грција во граничниот спорЕгипет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати ѝ се придружија на Грција во осудата… Read more: Удар од неочекуван правец: Три арапски земји ѝ го свртуваат грбот на Турција и се залагаат за Грција во граничниот спор
- ЛЕВИЦА НА BRICS ФОРУМ ВО МОСКВА: МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ОТВОРИ КОН НОВИ ГОЛЕМИ ПАЗАРИПретседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, потпретседателот м-р Реџеп Исмаил-Хактан и членот… Read more: ЛЕВИЦА НА BRICS ФОРУМ ВО МОСКВА: МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ОТВОРИ КОН НОВИ ГОЛЕМИ ПАЗАРИ
- Мицкоски со предлог до студентите: Оброкот да се користи преку апликација со попусти во ресторани и маркетиПретседателот на владата Христијан Мицкоски откри дека вчера за прв пат е одржан… Read more: Мицкоски со предлог до студентите: Оброкот да се користи преку апликација со попусти во ресторани и маркети
- Магични резултати за само 10 минути: Ставете магдонос во сода бикарбона и гледајте го чудото како се случуваМагдоносот со сода бикарбона останува миризлив и свеж до еден месец, а не… Read more: Магични резултати за само 10 минути: Ставете магдонос во сода бикарбона и гледајте го чудото како се случува
- Питон е пронајден во дворот на основно училиште во Белград: Откриен и кому му припаѓаТопчест питон долг околу 40 сантиметри е пронајден во дворот на основно училиште… Read more: Питон е пронајден во дворот на основно училиште во Белград: Откриен и кому му припаѓа
Инаку, синоќа извори од СДСМ потврдија дека има политички договор, за составот на техничката Влада да биде доставен без имињата на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите предлози за состав на техничката Влада ќе бидат доставени до Собранието, додека позициите што ВМРО-ДПМНЕ мора да ги предложи согласно законот ќе бидат празни, без имиња и презимиња. Не гледаме потреба да предлагаме, дури ни пратениците на СДСМ од парламентарното мнозинство, да гласаат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доколку самите не ги поддржат. Никаде во демократскиот свет нема пример некој да предлага министри или заменици и да не ги поддржи во текот на гласањето? Не се работи за политички игри. Техничката влада е законска обврска. Таа мора официјално да го предложи новиот технички премиер. Кога ќе бидат во ВМРО-ДПМНЕ спремни да ги поддржат, пред се, нивните предлози, тогаш може да бидат предложени и поддржани од пратениците на СДСМ.
Според изворите, ваквата одлука на СДСМ има поддршка од другите партии на власт, а доаѓа откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно изјавил дека неговата партија ќе учествува во техничката Влада, ќе предлага кандидати, но нема ги поддржат во Собранието, а воздржано ќе гласаат за избор на техничката Влада.
Пронајдете не на следниве мрежи:



