ДУИ денеска преку соопштение реагираше во врска со истрагите за случајот во Кочани. Од таму бараат одговорните за овој случај да побараат помош од актуелната власт.Сè повеќе медиуми, аналитичари, експерти и граѓани изразуваат изненадување – како е можно тоа:Министер за внатрешни работи – 13 месеци на функцијатаДиректор за јавна безбедност – 9 месеци.Министер за економија – 9 месециДиректор на Државниот пазарен инспекторат – 9 месециУправа за јавни приходи – 9 месеци.Тоа се луѓето кои имаат директна, институционална и законска одговорност да вршат контрола, надзор и спречување трагедии од овој тип.Тоа се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат на доказите и да вршат притисок врз сведоците, велат од ДУИ.Од друга страна, потенцираат дека наместо тоа, гледаме изопачување на правдата: во притвор се оние кои не се во функција, немаат институционално влијание и не можат да го попречуваат процесот.Дури и студент од прва година по право разбира дека нема причинско-последична врска со текот на годините, кога секоја година се обработуваат сите дозволи и лиценци.Политички договор, каде што премиерот го води овој судски спектакл, емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието на јавноста, спречување на вистинска истрага и заштита на луѓето од власта, велат од таму.Од ДУИ додаваат дека нема да молчат за овој случај.
Пронајдете не на следниве мрежи: