Неспособноста на губитниците на изборите и слугите на ВМРО од редовите на ВЛЕН ги враќа Албанците во 90-тите во однос на националните права и еднаквоста, соопштија од ДУИ.
„Обвинувањата кон ДУИ и политичкиот лов на вештерки од вазалите од ВЛЕН не можат да го покријат катастрофалниот неуспех во одбраната на националните достигнувања. Укинувањето на албанскиот јазик, на националното знаме, правичната и соодветна застапеност, изборниот легитимитет, балансерот, срамеењето пред Албанија, Косово и сред Вашингтон, законот за бранители, се резултат на влегувањето во владата како губитник и како миленици на ВМРО.
Ниту ДУИ, ниту Европскиот фронт не можат да го побијат непобитниот факт дека никој за ништо не ги прашува и се демаскирани како целосно неспособни Албанскиот јазик го најдовте официјален, го отстранивте, државното знаме го стекнавте службено, го отстранивте дури и од канцелариите, ги најдовте администраторите на работа, ги отстранивте, балансерот го стекнавте со 30% и вие го намаливте на 24%, се побивте“, велат од партијата на Али Ахмети.